Претседателот на Собранието, Талат Џафери најверојантно не проверил дали се наоѓа на Избирачкиот список и затоа вчера не можел да го оствари своето право на глас, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски како одговор на новинарсо прашање на денешната прес-конференција.
Деркоски потсети дека треба да се почитува законски утврдениот рок за проверка на Избирачкиот список и за забелешките од увидот.
– Кога е увид, треба да видите дали ве има на избирачкиот список. Особено треба да проверите доколку вадите нови документи, лични карти и слично- рече Деркоски.