Деркоски: Ќе има постапка, ако се докаже дека се полнеле гласачки кутии

Нема да биде амнестиран од одговорност никој што направил некој прекршок, рече Деркоски.

173

Државната изборна комисија (ДИК) ќе поведе постапка доколку од Извештаите се потврди сомневањето дека во Општина Сарај имало обид за полнење на кутии, изјави претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

– Нема да биде амнестиран од одговорност никој што направил некој прекршок – рече Деркоски.

Тој смета дека успешно се реализирал референдумскиот процес.

На граѓаните им честита бидејќи вчера покажале оти Македонија има демократски капацитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...