Османи: Тие што не гласаа, оставија пратениците да одлучат

488

Бројката на гласови „за“, дава целосен легитимитет да можат пратениците да гласаат. Граѓаните јасно се определија дека сакаат во НАТО и во ЕУ, а тоа значи безбедносна, економска благосостојба, нови работни места, подобри плати. Неуспехот на овој процес ќе значи политичка и економска непредвидливиот, немпредвиливост и на странските и на домашните инвестиции, порача вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи.

Тие што не излегле да гласаат, според Османи, сакале да кажат дека имаат пратеници и нека одлучат тие. Тие што имале друга порака, како што рече, излегле и гласале за или против.

– Одлуката нема да биде одлука на партијата, туку нивна лична соочена со историјата. Одлука дали сакаат мирна и безбедна економска и политичка иднина или сакаат непредвидливост. Убеден сум дека ќе ја донесат правилната одлука. Ако се исцрпат сите можности, а ќе останеме до крај на оваа варијанта и до последна секунда и енергија што ја имаме ќе се обидеме да го искористиме ова, тогаш ќе распишеме избори – рече Османи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...