Две лица се тешко повредени во сообраќајка што се случи денеска на булеварот Илинден. Повредените се пренесени во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Според првичните информации на полицијата, автомобилот „сеат алтеа“ движејќи се со голема брзина, удрил во семафорот.
Има оштетени и други возила кои во моментот на несреќата биле запрени на семафорот.