Кремљ внимателно ја следи ситуацијата во Република Македонија по вчера одржаниот референдум за промена на името и членството на земјата во НАТО и ЕУ, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин.
– Ние сметаме дека безусловно сите процеси треба да останат во рамките на владеењето на правото и почитување на законите- рече Песков во изјава за медиумите во Москва – пренесува ТАСС.