Кумановци се потсетија дека треба да ги почитуваат детските права

54
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска организираше свечен прием за децата и претставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата, во рамки на одбележувањето на Детската недела која се одржува под мотото „Градиме мостови, чекориме напред“.

На приемот, Димитриевски им посака успех во образованието. Децата побараа повеќе детски рекреативни игралишта и реновирање на училишта.

– Се надевам дека ќе бидете успешни членови на нашата заедница и на државата – рече на приемот Димитриевски.

Годинава, во рамки на одбележување на детската недела предвидено е да се одржат повеќе манифестации во сите училишта и градинки, меѓу нив и конкурси за поезија, проза, ликовен конкурс, манифестацијата „Детски лирски треперења“ и свечен прием на првоoдделенците во детската организација.

– Возрасните не треба да заборават дека детските права и обврски треба да се  почитуваат во текот на целата учебна година, а не само за време на одбележување на детската недела – изјави претседателот на здружението Александар Стефановски.

Ова е единстевно здружение во Македонија кое сѐ уште успешно опстојува и постојано работи за унапредување на правата на децата и нивно воспитување. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...