Могерини и Хан: Граѓаните ја поддржаа спогодбата со Грција

Ова е историска прилика, велат тие, не само за помирување во регионот туку и за одлучно напредување на патот кон ЕУ.

172

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во заедничка декларација, порачаа дека огромното мнозинство од граѓаните ја поддржаа спогодбата со Грција.

– На мирен и демократски начин огромно мнозинство од оние кои го искористија своето право на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за европскиот пат. Парламентот е сега повикан да продолжи со следните чекори за имплементација на договорот за името преку одлука за усвојување на уставните промени- пишува во изјавата на Могерини и Хан.

Ова е историска прилика, велат тие, не само за помирување во регионот туку и за одлучно напредување на патот кон ЕУ.

– На сите политички и институционални актери сега е да делуваат во рамките на нивната уставна одговорност надвор од партиските линии. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата и нејзините граѓани- порачаа Могерини и Хан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...