Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на гала вечерта на раскажување женски приказни „ПричПич“, направи пародија на дел од коментарите за нејзиното излегување во дискотека, за кое доби критики на социјалните мрежи. Таа настанот го опиша како да е кривично-правен настан, на кој, било извршено кривично дело.
Фетаи рече дека првин ја прифатила поканата на пријател да излезе во кафуле на кое имало караоке забава. Имала желба да запее, ама не го сторила тоа, објави А1 он.
Пред полноќ добила покана за да оди во дискотека, каде што отишла, а таму сретнала и судија. Потоа, како што рече, ја стигнал судот на јавноста.
„Следуваа лавина коментари. Станав обвинета“, рече иронично обвинителката. „Од многу обвинители, кои што постапуваа по службена должност, главен беше новинарот Бранко Героски“, говореше иронично Фетаи.