Неизлегувањето на референдум значи прифаќање на Договорот со Грција

5172

Во правото, ако еден правен субјект има намера да изврши одредено дејствие или веќе го започнал извршувањето на дејствието, па се обрати до другиот правен субјект со прашање дали со согласува со неговата намера за извршување или го прифаќа извршувањето, ако е веќе започнато, а прашаниот правен субјект молчи и, се разбира, не се спротивставува на намерата за извршување на дејствието или на неговото извршување, значи дека се согласува со намерата на првиот правен субјект, односно со извршувањето на веќе започнатото дејствие.

Затоа граѓаните кои се евентуално против договорот со Република Грција и против зачленувањето на Републикава во ЕУ и НАТО требаше да излезат на референдум и да гласаат против. Со неизлегувањето на референдум тие со конклудентно дејствие или на конклудентен начин му ставија до знаење на правниот субјект кој ја донесе одлуката за распишување на референдум – Собранието на Република Македонија во кое седат претставници на мнозинството од граѓаните кои се за ЕУ и НАТО дека може да продолжи со активностите за зачленување на Републикава во ЕУ и НАТО. Значи, во ваква ситуација само гласот против договорот со Република Грција и против членството во ЕУ и НАТО е правно релевантен за запирање на тие активности. Молчењето е одобрување – вели народната поговорка. Толку од мене сега за сега.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...