Зоран Заев не треба да се подготвува за предвремени парламентарни избори. Зоран Заев треба да се подготвува за трајна политичка пензија, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање вечерва на прес конференција на која го оцени исходот од референдумот.
Претходно, премиерот Заев рече дека ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја почитуваат демократската одлука ќе се оди на предвремени парламентарни избори веднаш.