Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не гласал на референдумот затоа што го немало на Избирачкиот список.
-Точно е дека ме немаше на Избирачкиот список, се надевам дека е изолиран случај и дека немало слични ситуации- рече Џафери.
За малиот одѕив на референдумот, Џафери рече дека не е одговорен за тоа.
-Битно е што обезбедивме можност граѓаните да си ја изразат волјата во гласачките кутии. Резултатите ќе се ценат кога ќе бидат конечни – додаде Џафери.