Претседателот на Собранието Талат Џафери пред малку во своето кусо обраќање упати честитки до граѓаните за денешното гласање на референдумот во кое, како што рече, немаше пријавено ниту еден сериознен инцидент.
Тој истакна дека, денеска се удрени темелите на идната Македонија и изрази уверување дека земјата ќе продолжи по европскиот пат.
– Со ова граѓаните докажаа дека припаѓаат на ниво на политичка култура на демокартски развиените земји, но тоа што е најважно дека припаѓаат на големото европско семејство – рече Џафери.