Вкупно во МВР до 18 часот се регистрирани 26 инциденти. Во Гостивар е приведена сестра на пратеничка, која заедно со уште едно лице сликала гласачи.
Најмногу од нерегуларностите отпаѓаат на навредување на избирачи, нивно фотографирање и нелегално снимање. Во шест случаи гласачи го фотографирале или скинале ливчето, жена во општина Центар за снимање користела пенкало со вградена камера.