„Инклузива“ регистрира проблеми гласањето на лицата со попреченост

Утрово, при референдумското изјаснување, еден набљудувач на „Инклузива“ од страна на претставник на МВР бил спречен да влезе на избирачко место. По 15 минути е пуштен.

128

Претседателката на Здружението „Инклузива“ Благица Димитровска на заедничката прес-конференција со „Цивил“ изјави дека и за референдумот има проблеми со остварувањето на правото на глас на лицата со попреченост затоа што гласачките места не се пристапни.

– За првпат „Инклузива“ е акредитирана со 40 набљудувачи кои се распоредени во осумнаесет градови низ Македонија. Внимаваме да се подеднакво распоредени во рурални и во урбани средини и да бидат опфатени сите региони- посочи Димитровска.

Информираше дека околу 82 отсто од набљудувачите на Здружението се лица со попреченост, а останатите се нивни блиски.

– За првпат по наша препорака ДИК подготви граничник за потпишување на сите граѓани со посебен фокус на лица со попреченост. Во 60 гласачки места граничникот не се користи – наведе претседателката на „Инклузива“.

Таа посочи дека утрово, при референдумското изјаснување, еден набљудувач на „Инклузива“ од страна на претставник на МВР бил спречен да влезе на избирачко место. По 15 минути е пуштен.

– Има неколку лица кои не се најдени на избирачкиот список. Претпоставуваме како Здружение дека во меѓувреме им е одземена деловната способност и се избришани од гласачкиот список, што е невидена дискриминација во нашата држава – рече Димитровска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...