Селмани: Не е прв пат да добивам закани од ДУИ

Денеска бев информиран од ОБСЕ дека овој инцидент го третираат многу сериозно во европски контекст после кукавичкото убиство на мои колеги во Малта и Словачка, вели претседателот на ЗНМ.

455

Не е прв пат да добивам закани и да бидам провоциран од луѓе на ДУИ. Не сум ги објавил јавно заканите затоа што не сум сакал во ниту еден момент силеџиите да помислат дека навистина им се плашам.

Ги пријавувам заканите во полиција чисто да оставам трага ако некој од силеџиите на ДУИ се обиде да ги реализира нив.

Сакам да им се заблагодарам на моите колеги за солидарноста што ја покажаа со мене. Ги уверувам дека ЗНМ, без разлика на заканите и уцените што се упатуваат кон мене, нема да се откажеме од нашата заедничка мисија, слободата на говорот во Македонија да биде дел од нашите животи, а не само мртво слово во Уставот.

Го ценам професионален однос на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и на полицајците што постапуваа во овој случај, но тоа не можам да го кажам и за обвинителката Спасенка, која не можеше да препознае очигледна закана по мојот живот.

Му се заблагодарувам на Специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир и на целиот дипломатски кор во Скопје, што силно застана во одбрана на слободата на говорот во Македонија. Денеска бев информиран дека овој инцидент го третираат многу сериозно во европски контекст после кукавичкото убиство на мои колеги во Малта и Словачка.

Силно верувам дека македонските граѓани се сплотени во одбрана на европски вредности кои се атакувани од одредени политички маргиналци и силеџии.

 

(статус на Фејсбук на Насер Селмани)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...