ДИК: До 15 часот гласале 22,56 отсто од гласачите

839

Според податоцита на ДИК , до 15.30 часот на гласање излегле 334.075 избирачи или 22, 56 отсто од запишаните гласачи.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски изјави дека гласањето се одвива во мирна атмосфера како и досега и им се заблагодари на поголемиот дел граѓани за демократската атмосфера.

– Ги критикувам сите они кои во текот на денот ја нарушуваат таквата слика, но со брз интервенција тие инциденти се надминати – рече Дерковски.

Според податоците во Сарај излегле 36,5, отсто, во Центар 34,9 проценти, Карпош 32,2 отсто од запишаните гласачи. Во Крушево 28,87 отсто, Гевгелија 27,19 отсто, Дојран 27,66, Арачиново 26,77, Аеродром 24,99 отсто, Берово 24 отсто, Богданци 24,09, Бутел 24,45, Долнени 24,43, Кочани 23,82, Македонски Брод 23,39, Охрид 25,30, Прилеп 25,25, Струмица 24,11, Тетово 26,18, Чаир 27,45 …

До 15 часот најмалку гласале во Општина Ново Село 9,9 отсто од гласачите, Илинден 10,49 отсто, Босилово 11,44 отсто, Зрновци 11,45 отсто.

ДИК во писмена форма попладнево повторно се обратила до сите избирачки органи, ОИК и избирачките одбори со насока како да продолжат со процесот до крајот на денот се со цел, како што рече Деркоски, да се намалат можностите за повреда на избирачкото право или процедурата. Причина за ова, според него, е единствено превенирање на несакани настани, но, како што вели, тоа е нашата работа.

Членовите на ДИК во текот на денот разгледале 26 приговори од граѓани кои не го оствариле правото на глас бидејќи ги немало во Избирачкиот список. За 99 отсто од овие приговори Комисијата донела решение за нивно одбивање. Се работи за граѓани со истечена важност на личните документи или, пак, за малолетни лица кои се стекнале со полнолетство во периодот од распишување на референдумот до завршување на јавниот увид.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...