МВР: Има пријави за навреди на гласачи и фотографирање

МВР, како што соопшти, ги процесуирала случаите до надлежните Јавни обвинителства.

127

Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега се пријавени неколку лица кои фотографирале гласачко ливче или граѓани кои излегле на гласачите места. Полицијата соопшти и дека има и пријави за навредување на граѓани кои излегле на референдум.

На избирачко место бр.2539/1 во ОУ „Његош“ во Колонија, пријавено е дека М.С. (55) го фотографирал своето гласачко ливче. Известен е јавен обвинител, a M. С. е во полициска станица за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово набљудувач од невладина организација пријавил дека наспроти ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар повеќе лица вршеле неовластено снимање и фотографирање на гласачи. За настанот известен е јавен обвинител, а две лица се приведени во врска со овој случај. Се работи на расчистување на случајот.

Во ПС Кочани, М.С. (54) од Кочани пријавил дека пред гласачко место бр. 852, пред Домот на културата во Кочани, од страна на непознато лице, бил навредуван бидејќи одел да гласа. По преземени мерки, утврдено е дека се работи за Т. Н. од Кочани и тој е повикан на разговор во ПС Кочани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...