Граѓаните да излезат што помасовно денеска и да се изјаснат за референдумското прашање, порача лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села по остварувањето на гласачкото право во струшкото село Ливада.
Според него, не треба никој да се двоуми, сите да излезат и да кажат „да“ за влез во НАТО и во Европската Унија.
– Членството во НАТО и ЕУ пред се е враќање на надежта која е изгубена во државата. Тоа е многу важно за иднината на државата. Повеќе демократија, слобода на изразување, лична слобода и правна држава. Запирање на судството со два аршими и воспоставување вистинска правна држава, која би значела привлекување на повеќе странски инвестиции и помалку млади кои бегаат од државата – изјави Села .
Тој изрази надеж за позитивен исход од референдумот.