МОСТ: Гласањето без проблеми, со мали технички предизвици

189

Одѕивот на гласачите, според ПВТ програмата на МОСТ, до 13 часот е 16% со маргина на грешка од +/- 0,32%, соопшти МОСТ.

Од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени и потврдени се следните информации за текот на гласањето:

На ГМ 1238, општина Демир Капија, на гласач му било дозволено да гласа без да биде проверен во Избирачкиот список. Повикана е ОИК, по што е направен записник во кој е костатирано дека ќе има повеќе ливчиња од потписи во списокот.

На ГМ 1204, с. Пуста Река, општина Крушево, на 8 гласачи им било дозволено да гласаат без да се потпишат во Избирачкиот список. Грешката е увидена од страна на ИО, направен е записник за случајот, повикана е ОИК, а гласањето продолжило.

На ГМ 2934/1, општина Чаир, 8 гласачи не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список, иако тврделе дека се регистрирани во електронската форма на ИС.

На ГМ 2680, општина Аеродром, тројца гласачи не можеле да се пронајдат во ниту во изводот од Избирачкиот список, ниту на веб-страницата.

На ГМ 2232, с. Голозинци, општина Чашка, ИО не удрил печат на 4 гласачки ливчиња. ОИК дала инструкција случајот да се внесе во записник.

ГМ 0404, во с. Чајле, општина Гостивар, избирачкиот одбор (ИО) откинал 33 ливчиња од кочанот заедно со серискиот број. Направен бил записник за случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...