Претседателот на Движењето Беса Биљал Касами по гласањето на избирачко место во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ изјави дека денеска е голем ден за Македонија затоа што граѓаните првпат гласаат за многу важна одлука – за членство во Европската Унија и НАТО.
– Овој референдум е многу важен и од аспект на тоа што сега сите граѓани се еднакви, без разлика на политичката, верската или етничката припадност. Сега сите сме еднакви да гласаме со нашиот глас за нашата и за иднината на нашите деца. Овде нема привилегирани, нема листи за пратеници или листи за советници, туку во овој случај и јас како претседател на политичка партија и другите граѓани сме еденакви со нашиот глас да придонесеме Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО – рече Касами.