Мицкоски бојкотираше

Од партијата изјавија оти Мицкоски смета дека прашањето за референдумот е повеќезначно и манипулативно.

236

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не гласаше на референдумот. Од партијата изјавија оти Мицкоски смета дека прашањето за референдумот е повеќезначно и манипулативно.

„Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што претставува стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракстика денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...