ДИК: До13 часот излезноста е 16 отсто

491

До 13 часот од вкупниот број гласачи на гласање излегле 16 отсто од запишаните гласачи според обработени податоци за 90,24 отсто од гласачките места.

Распонот на излезност по општини е од 7,82 до 19,15 отсто – рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

До 13 часот во општина Струмица на гласање излегле 8.393 избирачи, односно 17,1 отсто од вкупно запишаните 49.086 избирачи.

Во Радовиш гласале 11,7 отсто од запишаните 24.215 избирачи. Во Василево излезеноста до 13 часот е 9,7 отсто од 10.438 избирачи, а во Босилово седум отсто од 12.208.

Во Ново Село на референдумското изјаснување своето право на глас го оствариле 6,9 отсто од 11.267 запишани избирачи во единствениот избирачки список, а во Конче излезеноста е 9,4 отсто од запишани 2.755 избирачи.

Според претседателите на општинските изборни комисии од овој регион гласањето се одвива без проблеми.

Според ОИК во Маврово-Ростуше до 13 часот на гласачките места излегле 1.665 лица, односно 17,2 отсто од запишаните избирачи. Во Маврово-Ростуше вкупниот број на гласачи изнесува 9.672, кои правото на глас го реализираат на 39 избирачки места.

Во полошката општина Врапчиште, до 13 часот излегле 2.850 што е 11,1 отсто од 25.454 граѓани со право на глас. На територијата на општина Врапчиште во избирачкиот список запишани се 25.454 граѓани кои гласаат на 39 избирачки места.

Излезеноста до 13 часот во општина Струга е 12,81 отсто, а во Вевчани околу 16 отсто, соопштија општинските изборни комисии.

Од регистрирани 60.169 гласачи во Струга, на 101 избирачко место своето гласачко право го оствариле 7.701 лице. Своето уставнио право на референдумот го оствариле и 333 вевчанци од 2.038 вевчанци пријавени во Избирачкиот список.

На новинарско прашање да ја спореди излезноста со поарламентарните избори од 2016 година, Дерковски рече дека не може да се споредува оти станува збор за различни циклуси. Тој објасни дека на веб страницата на ДИК ги има податоците за излезноста на сите изборни циклуси и новинарите само да споредуваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...