Вонредно обраќање на Вучиќ до граѓаните: По третпат е загрозен мирот во Србија

Српскиот претседател нагласи дека присуството на косовските специјални сили и на претседателот Хашим Тачи на Газивода, се направени без какво било право и спротивно на Бриселскиот договор.

1013
Aleksandar-Vucic-Srbija-EPA-EFE-FELIPE TRUEBA

По третпат од 26 март на апсолутно непримерен начин е загрозен мирот, нагласи во вонредното обраќање до нацијата српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој нагласи дека присуството на косовските специјални сили и на претседателот Хашим Тачи на Газивода, се направени без какво било право и спротивно на Бриселскиот договор.

– Се обидоа да покажат дека тие догвоори не ги обврзуваат и дека најлошо од се, имаат поддршка пред се од своите западни сојузници.

Тој додаде дека во операцијата учествувале меѓу 110 и 130 припадници на косовските безбедносни сили, сите Албанци, „со долги цевки“ и зазеле пристапни сообраќајници и објекти во близина на Газивода.

– Тие брутално малтретирале повеќе луѓе, а четворица држат како заложници…Тие немаат што да бараат на север во Ксоово со долги цевки, изјави Вучиќ.

По повод акцијата на специјалните сили на Косово на север во државата, Вучиќ праша што значат договорите со ЕУ и НАТО ако Приштина не ги почитува.

– Вооружени Албанци на север во Косово според договорот што го имаме, може да се појават само со исполнување на два услова – со одобрение на НАТО и со целосна поддршка од локалната српска заедница – потенцира Вучиќ.

– Дали тоа значи дека дека договорите што ги постигнуваме во Брисел вредат додека трае прес конференцијата, а потоа ништо.

Тој потсети дека КФОР во првото соопштение навел дека нема информации за присиство на косовските специјални единици во момент кога на сите им била позната информацијата дека се тие во околина на Газивода.

– Од што сега да се воздржиме – е моето прашање за ЕУ. Сите да ми кажат (во ЕУ) од што да се воздржиме, што направивме?…Или би требало вие да се воздржите макар од лицемерие ако можете – рече Вучиќ во вонредното обраќање до граѓаните на Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...