Само двајца од пријавените во Атина не гласаа на референдумот

912

Мирно и без проблеми заврши гласањето во Атина, а гласачкото место број 5014 во Канцеларијата за врски на Република Македонија беше затворено во 19 часот по локално време.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, правото на глас го остварија 13 од 15 македонски државјани пријавени за гласање во грчката престолнина.

Веднаш по затворањето на гласачкото место, почна и пребројувањето на гласовите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...