Доколку забележите дека некој ве снима, го извикува на глас вашето име и презиме, или на било кој начин го попречува вашето право да гласате, веднаш пријавате на 192 или на полицискиот службеник во близина на вашето гласачко место. Доколку вашата фотографија се појави на социјалните мрежи, пријавете на cybercrime@moi.gov.mk, повика министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи.
Ваквите повици следуваат по скандалозните објави на социјалните мрежи. Како што веќе информиравме, бојкотирачите во Австралија со мобилни телефони ги симаа граѓаните од дијаспората кои од утрово излегоа да гласаат. Им извикуваа „предавници“ и ги објавуваа со име и презиме на Фејсбук.
И МВР преку официјално соопштение посочи дека утре во Македонија нема да толерираат снимање и фотографирање и какво било нарушување на тајноста на гласањето.