Ќе се укине задолжителното советување пред абортус

492

Жените кои сакаат да ја прекинат бременоста нема да мора да одат на задолжително советување, а ќе се укинат и дел од комисиите со цел да се скрати административната постапка во овој процес, но со цел да не се загрозува здравјето на жената.

Ова го најави министерот за здравство, Венко Филипче, во однос на промените кои ќе се прават во Законот за абортус. Тој денеска во Министерството на оваа тема разговараше со претставничките на женски организации.

– Со промените кои беа направени пред неколку години многу се усложни процедурата, се воведоа многу административни процедури, а сметаме дека дел од нив траат толку долго што може дури и да го загрозат здравјето на жената. Сакаме да го објасниме нашиот став, да го слушнеме нивниот глас и заеднички да утврдиме која е најдобрата опција, како да им се излезе во пресрет на жените кои сакаат да го спроведат абортусот без никаков ризик по нивното здравје – изјави Филипче.

Министерот зборуваше и за новиот Клинички центар за чија изградба најави поконкретни информации во текот на утрешниот ден. Тој рече дека изминатите денови имале состаноци со повеќе здруженија на архитекти, а одлуката што ќе се донесе ќе биде образложена.

 

На новинарско прашање за застојот во врска со кадаверичната трансплантација, рече дека се уште нема регистар на пациенти кои чекаат трансплантација.

Појасни дека во Министеството за здравство денеска гостин била националниот координатор за трансплантација од Хрватска, која е целосно инволвирана во процесот на кадаверична трансплантација и работи на приспособување на хрватските закони со европските во делот на регулативата која и Македонија ќе треба да ја усогласи.

– Целта ни е целиот процес на трансплантација да го организираме на начин на кој прво легислативата ќе ја доближиме до европските закони, и да направиме организација на тимот и регистар на пациенти со кои тој процес ќе го придвижиме, додаде Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...