МВР и денеска и утре издава лични карти

130

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат денеска и утре (29-ти и 30 септември 2018).

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведена постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

– Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота (29 септември) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на референдумот( недела, 30 септември) одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот – соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...