Облачно со локален дожд и силен ветер

254

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а дневната температура од 22 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува пет.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6  до 24 степени.

Подрачјето на Македонија ќе се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...