Борбениот авион Ф-35 се урнал во американската сојузна држава Јужна Каролина, соопштиле во петокот шерифот на округот Бофор и прес-службата на американскиот Корпус на маринците.
Според соопштенијата инцидентот се случил во 11,45 часот претпладнето по локално време, во близина Кларендон – роуд и Џо Ален Драјв во областа Грејс Хил. Во соопштението на канцеларијата на шерифот се прецизира дека пилотот успеал да се катапултира и се наоѓа под лекарски надзор.
– Станува збор за F-35B од состанов на ескадрилата за обуки во округот Бофорт – изјавил портпаролот на службата за односи со јавноста на Маринскиот корупс на САД.