Двете слоници Дуња и Даела синоќа пристигнаа во зооолошката, а веќе утре со хепенинг ќе и бидат претставени на јавноста.
Едната слоница е африканска, другата азиска и двете се стари по 30 години.
Пристигнувањето на Дуња и Деала значи дека по 26 години во Скопската ЗОО има слонови.
Прва слоница- жителка на Скопје ЗОО, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год а втората слоница која живеела во Скопската зоолошка е Анка. Таа починала во длабока старост во 1992 година.