Цунами погоди два индонезиски града ВИДЕО

549

Силниот земјотрес што денеска го погоди островот Сулавеси сепак предизвика цунами, иако Индонезиската агенција за метеорологија претходно го повлече предупредувањето за можно цунами.

– Цунами ги погоди градовите Палу и Донгала по земјотресот од 7,5 по Рихтер. Во ударот уништени се куќи и семејства се во неизвеснот – соопшти портпарол на националната Агенција за борба со природни катастрофи.

Цунамито го погоди градот Палу, главен град на провинцијата Централно Сулавеси и градот Донгала.

Висината на брановите е над два метра, јавуваат локални медиуми. Комуникациите со регионот се во прекин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...