Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со „мајмунските сипаници“, ќе се делат флаери

320

Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, на која присуствуваат и претставници од Агенција за храна и ветеринарство, на која беше разгледана состојбата со мајмунски сипаници во Велика Британија.

Од Комисијата посочуваат дека во моментов нема опасност од појава на вирусот „мајмунски сипаници“ во Македонија и дека во континуитет се следи состојбата со заразни болести во државата, како и актуелните случувања со мајмунска сипаница во регионот и држави од Западна Европа.

Комисијата доне семерки и заклучоци со цел информирање на здравствените работници и населението:

– Се задолжува Институтот за јавно здравје да подготви едукативно-информативен материјал – флаери за „мајмунски сипаници“ со информации за болеста, начинот на пренесување, мерките за превенција и постапување, со цел информирање на населението и здравствените работници.

Едукативно–информативниот материјал ќе биде поставен на веб страната на ИЈЗ, МЗ и Центрите за јавно здравје, а ќе биде доставен и до Здружението на матични лекари.

Флаерите ќе бидат дистрибуирани и до патниците, кои доаѓаат од земјите во кои е регистрирана болеста. Исто така, Институтот за јавно здравје да оствари контакт со

референтни лаборатории во Европските земји со цел да се оствари соработка за можна конфирмација на случаите.

– Агенција за храна и ветеринарство во рамките на своите надлежности се здолжува да ги засили мерките за контрола на внес на приемчиви видови на животни од ризичните земји .

– Зајакнување на соработката меѓу ИЈЗ и АХВ, преку навремена размена на информации меѓу иституциите и следење на епидемиолошката состојба со мајмунските сипаници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...