Полицајци во Белград им делеа цвеќе на жените возачи

Целта на денешната акција била да им се оддаде почит на жените и да се приближи работата на полицијата до граѓаните. 

156

Во чест на Меѓународниот ден на жената, сообраќајци во Белград денеска запирале жени, но место казна им подарувале по еден цвет, јави Радио Б92.

– Секоја чест на нашата полиција и благодарност до момците кои се грижат за нашата безбедност – изјави една од возачките.

Министерството за внатрешни работи на Србија информираше дека целта на денешната акција била да им оддадат почит на жените и да ја приближат работата на полицијата до граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...