Хематологија ги отвори вратите од реновираната амбуланта

255

ЈЗУ Клиника за хематологија – Скопје оваа недела одбележа два големи јубилеја, 38 години од основањето и 18 години од изведувањето на првата трансплантација на матични хематопетски клетки во Република Македонија.

По тој повод денеска беше отворен комплетно реновираниот Специјалистичко-консултативниот оддел од Клиниката, популарно наречен „Амбуланта на ЈЗУ УК за хематологија“.

Клиниката ги известува сите свои пациенти и корисници на услуги дека градежните работи што се одвиваа во последните два месеца се целосно завршени и од 01 октомври Одделот ќе биде повторно ставен во употреба во постојните просторни капацитети.

– Горди сме што и покрај сложените финансиски околности успеваме да реализираме повеќе од нашите зацртани цели со предвидената динамика. Со реновираниот оддел сакаме да покажеме дека сме еден од добрите примери за тоа како пациентите во јавна здравствена установа, покрај врвната медицинска услуга, можат да добијат и комплетен современ третман од аспект на чувството за достоинство, удобност, згриженост како и почит за нивното време. Обезбедивме европски услови не само за македонските осигуреници, туку и подобри услови за работа на медицинскиот персонал – велат од Клиниката.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...