Прекини во водоснабдувањето ќе има за корисниците во Центар, во понеделник и во вторник, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Понеделник и вторник ќе се чисти и хлорира левата комора од резервоарот „Водно“. Со работа ќе се почне во периодот од 09, а до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување во општина Центар.