Два дена молк пред референдумот

126

На полноќ заврши јавната пропаганда и започна 48-часовниот молк пред референдумот што ќе се одржи в недела на 30 септември.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера извести дека кампањата „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија, како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и може да се емитува и во петок и во сабота иако веќе ќе биде молк пред референдумот.

Според одлуката донесена од страна на Собранието на Република Македонија, прашањето за референдумот ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“

Право на глас на плебисцитарното изјаснување в недела имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список. Гласачките места на 30 септември ќе бидат отворени од 7 часот до 19 часот.

Ден претходно, в сабота, ќе гласаат болните, изнемоштените, лицата во домашен притвор, затворениците, како и државјаните на Република Македонија во странство.

Референдумот ќе го надгледуваат околу 12 илјади домашни и речиси 500 странски набљудувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...