Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески поднесе оставка. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека Томески поднел оставка од лични причини, но тој прифатил да ја врши функцијата до изборот на нов командир, пишува Сакамдакажам.
– Наскоро ќе распишеме оглас за избор на нов командир на Пожарна – рече Шилегов.
Томески е командир на Пожарната од октомври 2016, кога ексградоначалникот Коце Трајановски го смени тогашниот командир Благоја Менковски кој беше на таа функција 17 години.