Во видео порака до граѓаните на Македонија, европратеникот од европската десница, ЕПП, ги повика граѓаните да гласаат в недела и да го поддржат Договорот со Грција.
– В недела луѓето во Македонија ќе гласаат за иднината на нивната земја, за европската иднина на нивната земја. Ова е навистина историски миг и ги повикувам сите во земјата да излезат и да го искористат своето права да дадат мислење за иднината на Македонија. Не само тоа, затоа што позитивните гласови ќе го расчистат патот и забрзаат патот кон европските структури, за да ги исполнат амбициите на македонскиот народ, мислам дека треба да ја искористат оваа можност, треба да учествуваат во референдумот и да дадат глас „за“ за да ја обезбедат својата европска иднина – порача Кукан преку видео порака.
On Sept 30, Macedonians will decide in a referendum not only about their name, but also about the future of their country. I hope they will vote for a European future 🇲🇰 #Macedonia #referendum pic.twitter.com/QfR6q33jVP
— Eduard Kukan (@EduardKukan) September 27, 2018