Европското првенство во фудбал во 2024 година ќе се одржи во Германија, одлучи извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА).
По падот на Берлинскиот ѕид, Германија организираше Мундијал во 2006 година, а домаќин на Европско првенство беше пред 30 години, како Западна Германија.
Турција беше вториот кандидат за организирање, но како и во 2008, 2012 и 2016 година ја загуби трката.
Шампионатот Европа 2020 година ќе се одржи во 12 градови и 12 држави. Завршницата – полуфиналето и финалето на лондонски Вембли.