Граѓанската иницијатива „Кане Корзо“ повикува будно да се следи исходот од утрешната аукција за медицински третман на бездомни животни во градскиот стационар Вардариште, објавена од ЈП„ Комунална хигиена“ затоа што надлежните не бараат ниту стандарди за квалитет, ниту стандарди за управување со животна средина.
Граѓаните предупредуваат дека е важно да се види дали ЈП „Комунална хигиена“ повторно ќе ја прифати понудата на Приватната ветеринарна болница во Автокоманда како најповолна, како што велат, после целиот хорор на кој се изложени бездомните животни во изминативе години.
„Со оглед на тоа што не се бараат стандарди на квалитет нема да не чуди воопшто“, предупредува „Кане Корзо“ и потсетува дека е предвидена набавка на пнеуматски пушки, а од понудувачите се бара да имаат дозвола за поседување оружје од Д категорија.
„ Дали ваквиот вид на заловување бил и претходно воведен во пракса? Дали градските шинтери се обучени и евалуирани воопшто за користење на ваков вид пушки? И која е гаранцијата дека овој вид на оружје нема дополнително да се злоупотреби со оглед на досегашното искуство на мистериозно исчезнување на кутрињата заловени од страна на Вардариште? КОја ветеринарна амбуланта веќе поседува ваков вид оружје? Во документацијата се бара и потврда за осум доктори по ветеринарна медицина како дел од економскиот оператор кој ја доставува понудата. Ќе работат во две смени. Дали сте сретнале ветеринарна амбуланта која има вработено осум доктори по ветеринарна медицина за да може било која да го исполни овој услов од тендерот?“, реагира граѓанската иницијатива „Кане Корзо“.