Собранискиот спикер Талат Џафери во интервју за МИА на прашање какви се очекувањата и проценките за излезноста на референдумот вели дека сите податоци покажуваат дека граѓаните со огромно мнозинство се расположени и подготвени да излезат на референдумот за да гласаат.
– Претпоставките врз база на овие елементи упатуваат на успешност на референдумот, односно на огромна излезност на граѓаните.
На прашање што значи огромна излезност во бројки, Џафери одговара:
– Претпоставката е дека преку 50 отсто од граѓаните ќе излезат да гласаат на референдумот – вели собранискиот спикер Талат Џафери во интервју за МИА.