Во близина на Демир Капија во паркирано товарно возило „рено мастер“ со скопски регистарски ознаки без возач, вчера се откриени 33 лица илегални мигранти од Пакистан.
Од МВР информираат дека мигрантите се откриени при контрола на камионот.
„Во 03.15 часот на околу 400 метри од возилото, на стариот пат Скопје – Гевгелија, полициските службеници забележале две лица за кои постои сомнение дека го управувале возилото. Тие биле приведени во Полициската станица Неготино. Се работи за лицата Б.С.(36) и Г.Т.(36), двајцата од Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“ соопшти МВР.