Зошто на референдумот ќе гласам „ЗА“?

687

Ќе излезам на Референдумот и ќе гласам „ЗА“ затоа што сум свесен и убеден дека тоа ќе биде глас за иднината на државата и нејзините граѓани, посебно за младите генерации, а не за партијата што го спроведува!

Да нема какво било недоразбирање, немам добро мислење ни за една од двете најголеми партии кои се менуваа и кои владееја од осамостојувањето на Република Македонија до денес! Отворено, јасно и гласно ги изнесував своите ставови за грешките, гафовите и глупостите во времето на владеењето на двете партии и затоа плаќав високи цени и на едната и на другата! Можеби цената што ја плаќав на СДСМ беше поголема од онаа што ја плаќав на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, тоа воопшто не ме колеба да излезам на Референдумот и да гласам „ЗА“. Ќе гласав „ЗА“ и доколку референдумот беше распишан од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на референдумот треба да се донесе одлука за иднината на државата, а не за рејтинзите на партиите. Се надевам дека тоа ќе го разберат македонските граѓани и масовно ќе излезат на референдумот и ќе гласаат „ЗА“ влез на РМ во НАТО и ЕУ! Евентуалните обиди за бојкот на референдумот можат да нанесат штета на државата, но, поголема штета ќе претрпи партијата што би се обидела да го бојкотира Референдумот!

Убеден сум дека пред антиквизацијата во преговорите со Грција, можеше да се постигне неспоредливо подобра спогодба од онаа што беше потпишана во Преспа.

Дури и на врапците им е јасно дека октроираниот лидер на опозициската партија, по налог на поранешниот партиски лидер, се занесува со илузијата дека со опструкциите што ги прави за неуспех на референдумот може да ја спречи можноста тој и озлогласеното злосторничко здружание да се соочат со лицето на правдата и да се вратат на власт!

Политичкиот систем во РМ е целосно дерогиран, така што истиот треба да биде  темелно реконструиран! Октроираниот шеф на државата настојува, по секоја цена, да го спаси човекот што го октроира од затвор за злосторствата што ги направи во единаесетгодишното владеење, запоставувајќи ги при тоа интересите на државата на чие чело се наоѓа и на граѓаните на РМ! Ист е случајот и со октроираниот лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку граѓаните на РМ не го разберат значењето на Референдумот во време кога се случуваат турболентни настани во регионот и доколку подлегнат на пропагандата на деструкциите на опозицијата и не заслужуваат да имаат своја држава!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...