Во центарот на Скопје вечерва ќе се пренасочува сообраќајот бидејќи поддржувачите на бојкот за референдумот организираат собир на граѓани.
Од МВР информираат дека полицијата ќе изврши пренасочување на сообраќајот на улицата 11 октомври на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев и крстосницата со булевар Кочо Рацин во двата правци.
„Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир. МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните“, апелираат од министерството.