Ахмети од Врапчиште: Референдумот ќе биде успешен

190

Демократската Унија за Интеграција одржа собир со граѓаните во Општина Врапчиште, каде од жителите на селата што припаѓаат во ова општина се побара на 30 септември да гласаат ЗА Македонија во НАТО бидејќи станува збор за заедничка иднина на граѓаните на ова земја.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека треба да се соберат сите сили, позиција и опозиција бидејќи ова е заеднички проект за членство во НАТО и Европска Унија.

– Верувам дека на 30 септември, овој референдум ќе биде успешен. Има и скептици што велат дека нема да биде успешен. На 30 септември ние повикуваме да гласаме за договорт што се усогласи заедно и вратите се отворени за членство во НАТО и Европска Унија. Откако ќе се објави овој договор во службен весник почнува ратификацијата на овој договор во грчкиот парламент и почнува ратификацијата на барањето за членство на Македонија во НАТО. Во јуни следната година започнуваат и преговорите за членство во Европска Унија – рече  Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...