Димитров: ВМРО-ДПМНЕ сакаше да има конфликт, пустош направи од нашиот идентитет со Аминта

2185

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во дебатата со Алексанар Николоски на телевизија Телма, рече дека идентитетот не можат да го бранат со тоа што поставиле 100-тина споменици во главниот град.

– Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ сакаше да има конфликт, тој да биде големиот „бранител“ иако пустош направи од нашиот идентитет со Аминта. Тие водеа политика, со десна рака мавтаа со државното знаме, а со лева рака цицаа. Во мојата канцеларија во Министерството за надворешни работи, на балконот секое сабајле има трошки од стиропор. Бев во Битола пред некој ден, има едно кино Манаки кое не е во функција и целото е со дупки бидејќи луѓето можат со прст да влезат, а од другата страна има лим. Не може идентитетот да се гради со 100-тина поставени споменци во главниот град. Идентитетот се гради со убедување, со пријатели со убедување дека и Грција има интерес ова прашање да се надмине – рече Никола Димитров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...