Фановите го поставија Баерн на прво место во Европа

164

Навивачите на Баерн Минхен се најприврзани кон нивниот тим од почетокот на сезоната во водечките европски шампионати. Шампионот на Германија се единствени со целосно исполнет капацитет на стадионот во сите домашни дуели досега, покажува статистиката на Transfermarkt.de. На „Алијанц арената“ немаше едно празно место од вкупно 75.000.

На втората позиција се наоѓа друг член на Бундеслигата – Фрајбург, кој при капацитет од 24.000 на својот „Шварцвалд Стадион“ во просек бил посетен од 23.942 лица по натпревар, што е 99,76 отсто исполнетост.

Следуваат четири екипи од Премиер лигата – Челзи (99,75%), Арсенал (99,55%), Манчестер Јунајтед (99,53%) и Лестер (98,99%).

Изненадувачки, Келн, кој испадна од германската елита, исто така е меѓу лидерите во рангирањето. Но, дури и во Втората Бундеслига навивачите силно ги поддржуваат своите миленици – 98,97 отсто просечна посетеност и тоа при капацитет од 50.000.

Во топ 10 се уште три англиски клубови – Евертон, Кристал Палас и Стоук Сити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...