Новинарот од Алсат-М, Адриан Керими ја искинал новинарската легитимација од Владата бидејќи таа не била напишана на албански јазик.
– Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите, не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите – напишал новинарот на социјалните мрежи.
Тој исто така вели дека вредностите за европска интеграција што ги промовира Владата на РМ се само за потсмев и имаат за цел да ги прикријат скандалите и празнините кои дури и се прикажуваат пред меѓународниот фактор./a1on.mk