Во Барса не знаат дали Меси ќе остане и покрај клаузулата од 700 милиони евра

240

Раководството на шпанскиот фудбалски гигант Барселона не е целосно уверено дека првата ѕвезда на тимот Лионел Меси кариерата ќе ја заврши на „Камп Ноу“ и покрај огромната откупна клаузула која изнесува 700 милиони евра.

Финансиски директор на Каталонците Панчо Шродер вели дека во днешено време се е можно, а доказ за тоа се 222-та милиони евра платени од ПСЖ за Нејмар.

– Поставивме висока клаузула за Меси со цел да го задржиме на „Камп Ноу“ до крајот на неговата кариера. Но дали некој може со сигурност да каже дека ќе биде така. И за Нејмар мислевме дека останува со сигурност, па ПСЖ плати за него многу пари. Тешко е да се каже што ќе се случи во иднина. Светот стана луд, изјави Шордер.

Меси целата својата кариера почнувајќи од 2001 година е во Барселона со која има осум титули во Примера, четири во Лигата на шампионите и пет Златни топки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...