Социалдемократската партија од Косово во пресрет на референдумот ги поканува сите граѓани на Република Македонија, да учествуваат и да го одобрат Преспанскиот договор бидејќи, како што велат оттаму, неговото спроведување има посебна важност за неизбежната регионална соработка на еднакви услови и со принципи на добри соседски односи.
„Денот 30 септември треба да е еден сенароден контраогдовор и за шовинистичките елити во двете земји, кои ја злоупотребуваат веќе 30 години прашањето на името за да ги скријат и легитимираат нивните исклучиви и дискриминирачки политики. На 30 септември треба да се покаже дека само прогресивниот пристап и прогресивните политики гарантираат мир и развој и еднакви услови за сите“ наведуваат од Социјалдемократската партија на Косово.